Промоција на нашите олимпијци: Македонија ќе оди на злато во Токио!

731

Денеска во просториите а МОК беше извршена промоција на нашата експедиција која ќе учествува на ОИ во Токио кои ќе се одржат од 23 јули до 8 август.

Како што е познато Македонија на најголемата спортска смотра ќе ја претставуваат осум спортисти во седум спортови.

Знамето на отварањето на ОИ ќе го носи Дејан Георгиевски,а според новото правило на ИОК тоа треба да биде носено од машка и женска личност, па така на Георгиевски друштво ќе му прави Арбреша Реџепи.

Георгиевски, кој ќе се натпреварува во таеквондо верува во себе. Истакна дека има и тоа како намера да освои медал во Токио и тоа златен. Очекува дека може да победи било кого на Олимпијадата.

Исто така се очекува и добар резултат од борачот Могамедгаџи Нуров.

Инаку ова се сите осумте спортисти кои ќе учествуваат на ОИ во Токио:

-Миа Блажевска Еминова- пливање

-Борјан Бранковски-спортско стрелаштво

-Дејан Георгиевски-таеквондо

-Филип Дерковски-пливање

-Пулексенија Јовановска-карате

-Могамедгаџи Нуров-борење

-Арбреша Реџепи-џудо

-Јован Стојоски-атлетика

Македонската делегација за Токио ќе патува в петок.

ПретходноЈувентус ја одби и понудата на Челзи за Киеза, вредна 100 милиони евра!
СледноСуперкомпјутерот прогнозира кој ќе ја освои Премиерлигата за следната сезона!