Македонската одбојкарска репрезентација ги продолжува подготовките на Маврово во очекување на настапот на Европското пренство од 1 септември. Под водство на селекторот Душко Николиќ одбојкарите продолжуваат со засилено темпо на работа, а на почетокот на следниот месец ќе почнат и првите контролни мечеви низ кои ќе се бара глазура на формата.
Според најавата од ОФМ, во завршни преговори е репрезентацијата на Австрија која по 11 август треба да им се приклучи на нашите одбојкари на Маврово каде во период од 4 дена треба да се одиграат и првите контролни средби.
Потоа е планирано учество на турнирот „Чајка“ каде веќе се потврдени Словачка, Црна Гора и Израел како наши гости, односно селекции низ кои ќе се дефинира формата пред заминувањето за Тампере.