Бобан Блажески повеќе не е дел од тимот на Охрид. Десното крило по неколку сезони минати во овој клуб, во кој во грото од случаите беше најдобар поединец на паркетот, се враќа дома што се вели и следната сезона ќе ја одигра во дресот на Струга.
Струга е квалитетен состав кој минатата сезона одигра добро во Супер лигата односно плеј офот, а и за следната сезона има слични амбиции.