Гризман и Саул прифатија трампа, Барса и Атлетико се уште преговараат

281

Барселона и мадридски Атлетико продолжуваат да ги разработуваат деталите за можна размена на ѕвездите Нигез и Гризман. Како што се шпекулира од поодамна, Атлетико сака да го врати Гризман на „Ванда Метрополитано“, а Барса може да го добие Саул Нигез.

Двајцата играчи веќе дале согласност за трампата. Во моментов, Барселона и Атлетико преговараат за можните финансиски доплати. Барса смета на фактот дека ќе може да добие некоја позначајна сума пари за Гризман.

Доколку договорот Барса-Атлетико пропадне, по потписот на Саул тргнуваат два клуба од Англија – Челзи и Ливерпул.

ПретходноМилвоки го возврати ударот и израмни на 2:2 во големото НБА финале (ВИДЕО)
СледноУЕФА објави кој е најубавиот гол на Еуро 2020 (ВИДЕО)