Ебрима Баџие доаѓа во Работнички

449

Интернационалецот од Гамбија, Ебрима Баџие би требало да биде најновото засилување за тимот на Работнички.

Како што дознава Спортмедиа, крилниот играч веќе е на пат за Македонија и тој би требало да се појави во Гратски Парк секој момент.

Се работи за млад фудбалер кој досега настапувал за екипата на Брикама Јунајтед во домашниот шампионат на Гамбија и изминатата сезона постигнал четири гола.

Работнички во овој преоден рок се базираше најмногу на домашниот пазар, а еве сега стартува и со интернационални трансфери.

 

ПретходноЈахја: Струга Трим Лум сака и може да ја елиминира Лиепаја!
СледноБлажески од Охрид се пресели во Струга