Захариевски: Едноставно подобриот тим оди понатаму!

725

Струга Трим Лум попладнево на ФФМ, во реванш мечот од 1.квалификациско коло во Конференциската лига, убедливо беше поразена од Лиепаја со 1:4, па така со вкупни 2:5 тимот од Летонија се пласира во следната фаза.

Апсолутно заслужено, со тоа се сложува и тренерот на нашиот тим Срѓан Захариевски, кој за Спортмедиа истакна…

Едно се желбите, а сосема друго можностите. Според мене по се она што беше покажано во двата меча едноставно подобриот тим оди понатаму. Јас реков и по првиот меч, и по тие 1:1, дека Лиепаја е квалитетен состав, тоа Летонците го покажаа денеска во Скопје. Ние се боревме колку што можевме, но првиот дел го одигравме лошо, иако Лиепаја во вториот дел даде три гола“ изјави Захариевски.

ПретходноСувенири на Федерер продадени за 4 милиони евра!
СледноПолувреме во Кишињев: Петрокуб доминира, Божиновски несовладлив на голот на Силекс…