Македонските ракометни тимови полека ги „палат моторите“ за новата сезона. Дел од екипите веќе го објавија комплетниот распоред на подготовките, дел допрва ќе го сторат тоа.
И ова лето ќе гледаме предсезонски пресметки, истите ќе почнат со Вардар и Е.Пелистер. Актуелниот освојувач на титулата и вицепрвакот силите ќе ги одмерат на 11. август во Охрид, во рамките на Суперкупот.
Ден подоцна во Струга почнува струшкиот турнир, а според досегашните информации пријавени се само македонски екипи. Покрај Вардар и Е.Пелистер ќе ги гледаме: Металург, Бутел Скопје, Тикеш и секако домаќинот Струга. Трунирот ќе се одржи од 12 до 15. август. Бранител на пехарот е тимот од Битола.