Скај спортс: Борусија го одби Челзи за Халанд

292

Според информациите кои ги пренесува Скај Спортс, Борусија Дортмунд ја одби првата понуда за откуп на Ерлинг Халанд испратена од Челзи.

Според медиумот Челзи понудил, а Борусија одбила пари, плус Тами Абрахам и Калум Хадсон Одои да се рпеселат во Дортмунд. Сепак, Борусија ова го одбила, а дека следува нова понуда од Челзи тоа е и повеќе од сигурно.

Од друга страна пак, Борусија исто така ја игра стандардната игра и во медумите еден од директорите, Себастиан Кел изјави.
„Прочитав за некаква понуда од 175 милиони евра, но јас знам дека ние Халанд го планираме за следната сезона“  – изјави Кел.

Конечно, во сето ова нормално ќе биде вклучен Мино Раиола, менаџерот на Халанд кој најави дека кој сака да соработува со него на трансферот на норвежанецот, ќе мора да одвои неверојатно 40 милиони менаџерска провизија, што секако ќе биде апсолутен рекорд.

 

ПретходноКлајверт заминува од Рома и потпишува за Ница
СледноВардар ќе ги плати тие 1 милион евра и ќе игра во Лигата на Шампионите!