Додека Шкупи предводен од Гоце Седлоски гостуваше во Приштина и играше со косовскиот Лапи, во исто време неговата ќерка Андреа играше за македонската репрезентација до 19 години против Косово.
И таткото и ќерката беа успешни во своите мисии.
Андреа Седлоска постигна осум гола, со кои Македонија ја совлада селекцијата на Косово со 33:16 на крајот. Гоце Седлоски, пак, целата работа ја заврши во Скопје, кога го совлада Лапи со 2:0, а на реваншот беше 1:1, со што со успех ја заврши својата работа.