Австрија ќе биде прва контрола за нашите одбојкари на подготовките за ЕП 2021

150

Македонската одбојкарска репрезентација ги продолжува подготовките на Маврово во очекување на настапот на Европското пренство од 1 септември. Под водство на селекторот Душко Николиќ одбојкарите продолжуваат со засилено темпо на работа, а на почетокот на следниот месец ќе почнат и првите контролни мечеви низ кои ќе се бара глазура на формата.

Според најавата од ОФМ, во завршни преговори е репрезентацијата на Австрија која по 11 август треба да им се приклучи на нашите одбојкари на Маврово каде во период од 4 дена треба да се одиграат и првите контролни средби.

Потоа е планирано учество на турнирот „Чајка“ каде веќе се потврдени Словачка, Црна Гора и Израел како наши гости, односно селекции низ кои ќе се дефинира формата пред заминувањето за Тампере.

ПретходноЛиверпул нема намера да плати 64 милиони фунти за Тилеманс
СледноНовите дресови на Ајакс ќе имаат само броеви, без имиња на играчите (ФОТО)