Вардар ќе ги плати тие 1 милион евра и ќе игра во Лигата на Шампионите!

1904

Нема веќе дилеми, РК Вардар некогашниот двоен европски првак и официјално во следната сезона ќе игра во Лигата на Шампионите. Имено денеска стигна потврда од првиот човек на клубот Михајло Михајловски, дека Вардар ќе ја плати котизацијата од 1 милион евра до ЕХФ до 27 јули, до кога е крајниот рок и си тоа ќе обезбеди “виза“ за настап во елитната ракометна европска лига.

Секако дека ова е добра вест за сите фанови на нашиот ракометен клуб, за сите вистински љубители на ракометот.

Да потсетиме дека Вардар првиот меч во ЛШ ќе го одигра на 15/16 септември на гости кај Елверум.

Покрај Елверум, Вардар за ривали во групата ќе ги има екипите на ПИК Сегед, Кил, Монпеље, Мешков Брест, ППД Загреб и Алборг.

ПретходноСкај спортс: Борусија го одби Челзи за Халанд
СледноАрјен Робен ја заврши кариерата