Осум вработени луца во хотелот каде што е сместена бразилската репрезентација се позитивни на Ковид-19.
Од раководството на овој хотел објавија дека сите 30 вработени лица биле тестирани пред пристигнувањето на Бразил и дека за нив се задолжени само лица со негативен тес, одоносно дека никој од заразените не биле во контакт со спортистите од оваа земја.
„Само лицата кои имаат негативен тест работат во хотелот. Ова им го објаснивме и на тимот, дека немаат потреба да стравуваат, во балонот има само здрави работници“, изјави од хотелот.
Во Токио на сила е вонредна состојба поради Ковид-19, има нови 1.149 случаи, најголема бројка од јануари.