Вујовиќ: Може да не ме сакаат, но додека сум јас тренер мора да го остават срцето на терен!

1102

Вардар 1961 под водство на Веселин Вујовиќ го означи стартот на подготовките за новата сезона. Македонскиот првак со нов лик, но и со нова боја опремата изненади.

По завршување на првиот тренинг на официјална прес-конференција се појави стратегот Веселин Вујовиќ, и новите засилувања, Жереми Тото, Анте Кудуз и Јан Чувара.

„Денеска е решено позитивно со депозитот во ЕХФ и тоа е олеснување за мене и играчите. Како и секогаш сите играчи не доаѓаат исто подготвени на тренинзите, некои дојдоа во подобра форма, некои во полоша. Најважено е дека има позитивна атмосфера. Ниту јас како тренер, ниту македонската јавност не се задоволува со просечност, сите сакаат да освојува трофеи. Може да не ме сакаат или да ме сакаат, но додека јас сум тренер мора да го остават срцето на терен, да се борат и да докажат дека го заслужуваат дресот. 

Се надевам дека играчите ќе ја оправдаат довербата, ќе покажат дека сум бил во право. Ќе видиме дали ќе има уште засилувања и во стручен штаб и во играчкиот кадар“, рече тренерот на „црвено-црните“. 

За сите нови играчи Вардар 1961 е посебно доживување, ова го призна Тото.

„Кога Вардар ги освои двете титули бев во Келн и ги гледав, а сега сум тука. Малку ми е неверојатно. Досега играв во помал град, да не речам село, па сега Скопје ми е малку различно, мали сум импресиониран.Вардар е голем клуб и очекувам дека ќе имаме одлични резултати и во ЛШ и во СЕХА и во националното првенство“, изјави Тото.

ПретходноСпартак Трнава го откупи Милан Ристовски!
СледноЗарем е можно: Киелини сеуште нема клуб за следната сезона!