Зарем е можно: Киелини сеуште нема клуб за следната сезона!

536

Заврши славјето во Италија после освојувањето на титулата европски шампион. По еуфоријата дојде сега и отрезнувањето, а тоа најмногу го почуствува капитенот на европскиот првак, Џорџо Киелини. Можеби звучи чудно, но така е, имено Киелини се уште нема клуб за следната сезона. Неговиот договор со Јуве му истече, а според зборовите на агентот на фудбалерот, Киелини нема понуда за нов договор од страна на раководството на најтрофејниот клуб во Италија.

Вистина е дека Киелини има 36 години, полека но сигурно размислува за пензија, но исто така вистина е дека тој посакува да игра барем уште една – две години, и како фудбалер на Јуве да се прости од играчката кариера.

Дали Јуве ќе му ја исполни желбата, ќе му понуди нов договор, е тоа мора да се виде деновиве.

Киелини беше симбол на Јуве во изминатата деценија и секако дека заслужува да добие нов договор.

ПретходноВујовиќ: Може да не ме сакаат, но додека сум јас тренер мора да го остават срцето на терен!
СледноПОЛУВРЕМЕ: Наумовски „чува“ 0:0 во Приштина, Маркоски утна зицер