После едногодишно отсуствто, во пресрет на новата 2021/2022 сезона, Ивана Кметовска се врати во „сино-жолтото“ семејство. Македонската репрезентативка ќе биде големо засилување на вицепрвакот, особено во Јадранската WABA лига.
„Потписот на Ивана Кметовска е прв во низата планирани засилувања, за што поконкурентен ЖКК Бадел 1862 во настапите на меѓународната сцена.
Најквалитетниот и најтрофеен женски кошаркарски колектив, ЖКК Бадел 1862, со своите настапи и делување во претстојната сезона очекуваме да го даде својот максимален придонес кон подигнување на квалитетот на женската кошарка, популаризација на овој спорт помеѓу младата популација, како и во процесот на воспоставување на критериуми и стандарди за напредок на женската кошарка во целина“, се вели на официјалниот сајт на Бадел 1862.