Манчестер Сити има план Б: Ако Тотенхем не сака да го продаде Кејн, Сити тргнува по Левандовски

195

Роберт Левандовски би можел да биде изненадувачки новото засилување на Манчестер Сити. Полските медиуми утрово пишуваат дека англискиот шампион има само уште една понуда до Тотенхем за Хари Кејн и ако таа биде одбиена, тие тргнуваат по полскиот голгетер од Баерн (М).

Според англиските медиуми, англискиот шампион доставил понуда до Тотенхем во висина од 100 милиони фунти за Хари Кејн, но истата наводно била одбиена. „Граѓаните“ имаат подготвено последна понуда која не се разликува многу од претходната (само со подобрени бонуси), која доколку Тотенхем ја одбие, Сити почнува преговори со Баерн за Левандовски.

ПретходноБлажески од Охрид се пресели во Струга
СледноСилекс вечерва нема да се брани