Милвоки го возврати ударот и израмни на 2:2 во големото НБА финале (ВИДЕО)

153

Милвоки го возврати ударот и го израмни вкупниот резултат во финалето на НБА плеј-офот на 2-2, откако синоќа го доби четвртиот натпревар од финалето со 109:103. Херој на средбата беше Крис Мидлтон, кој придонесе за 10 од вкупно 40 поени во последните две минути.

Во финалето на НБА оваа година, карактеристиката е дека тимовите се изразито не гостопримливи и продолжуваат да доминираат пред свои навивачи. По два воведни порази во Аризона, Милвоки забележа две победи на домашен терен, со што целосно се врати во игра и го изедначи резултатот на 2:2.

„Сонцата“ долго време водеа на крилјата на разиграниот Девин Букер и во третата четвртина имаа девет поени предност 85:76, но потоа поради петтата лична грешка на Букер работите се сменија.

Благодарение на поените на Мидлтон (10 од 40 поени во последните две минути), како и одличната игра на Антетукумпо домашните комплетно се вратија во игра и на крајот дојдоа до победата.

ПретходноДонарума изненади со бројот на дресот во ПСЖ
СледноГризман и Саул прифатија трампа, Барса и Атлетико се уште преговараат