Младинките го „растурија“ Косово

475

Ракометната женска репрезентација до 19 години, денеска на ЕХФ турнирот го совлада тимот на Косово со 33:16.

Без проблеми нашите младинки ја реализираа победата од овој меч. Уште на полувремето имаа убедлива предност од 16:7, која во текот на вториот меч само ја зголемуваа, за на крајот да биде 17 разлика.

Андреа Седлоска беше најефикасна со осум голови, додека Ризовска, Младеновска и Јанкуловска дадоа по четири.

 

ПретходноШкупи знае како, и затоа ќе игра со Санта Клара (ВИДЕО)
СледноПобедничко „селфи“ на Шкупи од Приштина