Младиот репрезентативец Стојанов е нов одбојкар на словенечки Шоштањ

166

Младата македонска одбојкарска надеж Давид Стојанов, следната сезона следната сезона ќе го носи дресот на словенечки Шоштањ Тополшица. Словенечкиот клуб утрово го потврди трансферот на нашиот младински репрезентативец, кој моментално се подготвува за Балканијадата со нашата селекција.

„Големо задоволство ми е да ја започнам интернационалната кариера во Словенија, во земја каде одбојката е многу важна, а ова е исто така многу добро за мојот понатамошен развој. Имам многу позитивни информации за одбојкарскиот клуб Шоштањ. И лани и годинава амбициите се пласман во првата лига и искрено сум убеден дека со моето доаѓање ќе ја постигнеме оваа цел. Јас сум многу среќен и со нетрпение чекам да започнам со тенинзи“, порача 19-годишниот Стојанов.

ПретходноНовите дресови на Ајакс ќе имаат само броеви, без имиња на играчите (ФОТО)
СледноЈахја: Струга Трим Лум сака и може да ја елиминира Лиепаја!