И натаму во центарот на светската фудбалска јавност е Флорентино Перез и аудио-снимките кои ги пушти новинарот Антонио Абелан. На истите може да се слушне како првиот човек на Реал Мадрид ги озборува фудбалските ѕвезди кои го носеле дресот на „кралскиот“ тим како Касилјас, Раул, Роналдо…Има дел и за Жозе Мурињо, како и екс-сопругата на Касилјас.
Најново од оваа шпанска сапуница е поткупот кој новинарот го барал за да молчи. Тој побарал 10 милиони евра за да ги уништи овие снимки, но бил одбиен. Десет години подоцна истите излегоа во јавност.
Перез не молчеше, тој потенцира дека истите се монтирани и дека со овој случај ќе се занимаваат неговите адвокати.
ФОТО: Реал Мадрид/Твитер