Новак Ѓоковиќ, сепак, ќе игра на ОИ во Токио. Она што утрово го најави, вечерва и го потврди и самиот тој, и олимпискиот тим на Србија.
„Со голема гордост се пакувам за Токио и се придружувам на нашата репрезентација во борба за најсјајните одличја на Олимписките борилишта. За мене играњето за Србија секогаш била посебна радост и мотивација, и ќе дадам се од себе сите да ве израдувам“, напиша Ѓоковиќ на „Твитер“.
🗣 Napred #TeamSerbia 🇷🇸!!! https://t.co/EiyLEr6cwB
— Team Serbia (@OKSrbije) July 15, 2021