Она што го најавивме, дека Пелистер има намера и следната сезона и покрај проблемите, да игра во ПМФЛ, и се оствари. Денеска беше последниот ден во кој клубот мораше да има 12 регистрирани играчи со професионални договори, според прописите на ФФМ за да може да игра во елитата, и Пелистер тоа и го направи.
Ова ни го потврди спортскиот директор на ФК Пелистер, Пеце Коруновски, кој за Спортмедиа изјави:
„Да, официјално можам да потврдам дека Пелистер сега има на список 12 играчи со професионални договори. Тоа значи дека сега нема никакви пречки нашиот тим да се натпреварува во Првата лига во следната сезона. Нашиот дел ние си го одработивме. Сега на ред се луѓето кои се задолжени за финансиите да обезбедат пари и буџет со цел Пелистер да биде и натаму респектабилен клуб“ заклучи Коруновски.