Да, точно е дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во светот, веројатно тоа ќе биде и во историјата, но факт е дека Роџер Федерер е најпопуларен во глобални рамки.
Како поинаку може да се протолкува фактот дека сувенири, односно дел од опремата и облеката кои Швајцарецот ги користел во минатото, на аукција се продадени за неверојатни 4 милиони евра.
Роџер одлучи целиот приход да го даде во добротворни цели, односно во финансирање на образовни проекти во Ј. Африка и Швајцарија.
Меѓу продадените сувенири или предмети се неколку рекети, патики, маички… со кои Федерер освојувал турнири во минатото.