Убава вест: Од 1. август СЦ „Борис Трајковски“ „се враќа“ на спортот

569

Салата „Борис Трајковски“ на почетокот на следниот месец треба да се врати на старо. Овој спортски центар веќе неколку месеци е главен вакцинален пункт за Ковид-19 во Скопје. Долго време сите спортски активности беа пренасочени во другите сали, но наскоро сето ова ќе се промени.

Откако беше направена имунизација на сите оние кои се пријавија за вакцина преку официјалниот сајт, од понеделникот почна вакцинација на лице кои немаат закажно термин. Бројот на лица кои го посетуваат спортскиот центар е многу мал, па токму затоа СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде ослободен за спорт.

Ова лето е бурно на кошаркарски и ракометен план. И во двата спорт има многу првенства кои треба да се одиграат во Скопје, па доколку има време нема да биде чудо да се направи нов план и во оваа сала да се одржи едно од тие првенства.

ПретходноЃорческа елиминирана во сингл, но обезбеди полуфинале во двојки
СледноПрвата пресметка меѓу Вардар и Е.Пелистер закажана за 11. август