Фото од новиот болид во Формула 1 за новата ера!

659

Од следната 2022 сезона, почнува новата ера во Формула 1. Новата ера донесува нови правила во овој спорт, нови болиди, како овој на фотографијата. Ќе се подобрат условите за тркање, ќе се намали разликата меѓу болидите, следува и намалување на трошоците.

Во минатото се најавуваа неколку концепти на новиот болид, но денеска и официјално беше претставен. Ова е концептот на новиот болид во Формула 1 кој практично ќе го користат сите екипи.

Голема улога ќе имаат и гумите на „Пирели“, кои би требало да бидат помалку осетливи на високи температури, ќе бидат поиздржливи и ќе можат повеќе да се користат.

ФОТО: Twiter na Formula 1

ПретходноТрагедија во Кишињев: Силекс со примен гол во 95.минута доживеа елиминација (ВИДЕО)
СледноШкупи знае како, и затоа ќе игра со Санта Клара (ВИДЕО)