Ѓурѓевиќ со два гола херој на Влазнија, Цуцули погоди за Дрита

352

Двата гола кои Фахрудин Ѓурѓевиќ ги даде за Влазнија во дуелот со Широки Бријег во рамките од Лигата на конференции, беа доволни албанскиот тим да обезбеди пласман во 2. Коло од Лигата на Конференции. Ѓурѓевиќ погоди во 35. секунда од вториот дел, а потоа неговиот тим зголеми на 2:0. Но, и тоа не беше доволно за пласман понатаму, па по една добра акција Ѓурѓевиќ уште еднаш го совлада босанскиот тим за конечни 3:0 и пласман во следната фаза (во првиот меч беше 3:1 за Широки).

Понатаму оди и тимот на Дрита од Косово кој го совлада Дечич и во вториот меч. Ардијан Цуцули го постигна единствениот гол во победата од 0:1.

Екипата на Љачи со Башким Велија во составот, го елиминираше тимот на Подгорица од Црна Гора. Домжале на Зени Хусмани одигра 1:1 со Хесперанж, доволно за пласман понатаму. Хусмани беше асистент на голот. Партизани Тирана за кого играат Егзон Белица и Филип Глигоров, го мина тимот на Сф. Џорџ од Молдавија победувајќи го и во вториот меч со 2:3.

Жилина со Енис Фазлагиќ во составот загуби од Дила Гори, но оди понатаму благодарение на победата од првиот меч. Дарко Мицевски е на клупата за РФС кој игра продолженија на Фарски Острови.

Крсте Велкоски со капитенската лента играше само едно полувреме за Сараево кој доживеа непријатен пораз и елиминација од Милсами од Молдавија со 0:1.

ПретходноНоле ќе игра на ОИ: Се пакувам за Токио, се надевам дека сите ќе ве израдувам!
СледноОва е премногу: Ново правило во Серија А, клубовите се лутат!