Јахја: Струга Трим Лум сака и може да ја елиминира Лиепаја!

283

Клубот кој постои само шест години, денеска има голема шанса уште еднаш да испише клупска историја. Имено Струга Трим Лум има шанса уште во своето деби на европската сцена да го мине првото квалификациско коло во Конференциската лига и да си закаже двомеч со бугарскиот гигант, тимот на ЦСКА во следната фаза од ова европско натпреварување. Денеска од 17 часот на стадионот на ФФМ, стружани го дочекуваат квалитетниот состав на Лиепаја од Летонија, со намера да го победат и да одат понатаму. Секако дека тоа ќе биде голем, историски успех за составот на Срѓан Захариевски.

РЕСПЕКТ ЗА ЛЕТОНЦИТЕ, НО НИЕ ОДИМЕ НА ПОБЕДА

Ако важеа старите правила за гол во гости, тогаш на Струга Трим Лум попладнево ќе и беше доволно и 0:0, но сега со оглед на тие 1:1 од Летонија, стружани мора да победат, па макар и со 1:0.

Абдулхади Јахја, офанзивното крило на Струга Трим Лум е еден од адутите на нашиот евро – претставник.

Факт е дека имаме добар резултат од првиот меч, факт е дека Лиепаја навистина е добар тим, но сепак не е и непобедлив. Секако дека го цениме и респектираме гостинот, но очекувам и се надевам дека оваа пречка може да се мине, не криеме дека одиме на победа. Добро знаеме што не чека, исто така знаеме што треба да направиме. Јас сум оптимист, верувам во нашиот тим, треба само да се одработат задачите на тренерот Захариевски и се ќе биде како што треба. Ова е голема шанса за нас за историски успех и не треба така лесно да се пропушти. Не криеме дека сакаме и можеме да ја елиминираме Лиепаја и да си закажиме двомеч со ЦСКА од Софија“ изјави специјално за Спортмедиа младиот фудбалер на Струга Трим Лум.

ПретходноМладиот репрезентативец Стојанов е нов одбојкар на словенечки Шоштањ
СледноЕбрима Баџие доаѓа во Работнички