Американците можат да останат без Бредли Бил за Олимписките игри во Токио, откако утрово стана јасно дека кошаркарот влезе во здравствените и безбедносните протоколи во таборот на САД поради Ковид-19.
Според извештајот на „Атлетик“ неговиот статус во моментов е непознат, иако тој веќе беше дел од првите три контроли на Американците во пресрет на Игрите.
Засега нема дополнителни информации за изолацијата, но останува да се почека последната одлука на Попович дали тој ќе биде заменет пред патувањето во Јапонија.