Интернационалецот од Гамбија, Ебрима Баџие би требало да биде најновото засилување за тимот на Работнички.
Како што дознава Спортмедиа, крилниот играч веќе е на пат за Македонија и тој би требало да се појави во Гратски Парк секој момент.
Се работи за млад фудбалер кој досега настапувал за екипата на Брикама Јунајтед во домашниот шампионат на Гамбија и изминатата сезона постигнал четири гола.
Работнички во овој преоден рок се базираше најмногу на домашниот пазар, а еве сега стартува и со интернационални трансфери.