Ливерпул нема намера да плати 64 милиони фунти за Тилеманс

152

Ливерпул се откажа од идејата да го купи Јури Тилеманс од Лестер ова лето како адекватна замена за Вајналдум. Според британски „Телеграф“, „црвените“ немаат намера да платат 64 милиони фунти за белгискиот репрезентативец.

Оваа информација е во спротивност со она што вчер аго пишуваа белгиските медиуми. Според нив Ливерпул бил подготвен на оваа сума, само за да го направи Белгиецот заменик на искусниот Холанѓанец кој го напушти клубот како слободен играч.

Тилеманс сам инсистира да биде продаден на „Енфилд“, но останува дали Лестер може да ја намали цената која ја бара за негово заминување.

ПретходноАмериканците без Бредли Бил на ЛОИ во Токио?
СледноАвстрија ќе биде прва контрола за нашите одбојкари на подготовките за ЕП 2021