Лиепаја ја покажа силата, Струга Трим Љум елиминирана од Европа

210

Екипата на Струга Трим Љум е елиминирана од квалификациите за Конференциската лига, откако денеска на комплексот Петар Милошевски во Скопје, загуби со убедливи 1:4 од тимот на Лиепаја од Летонија. На тој начин госитте ги анулираа оние 1:1 кои Трим Љум ги избори на нивен терен.

Лиеапаја подобра во првиот дел

Стартот на мечот, односно првото полувреме, според шансите, иницијативата, а и головите во целост му припадна на гостинот на овој меч.

Миросављев уште во стартните минути го истестира Џуриќ, кој најпрво интервенираше, а потоа топката го погоди дирекот, па излезе во поле. Следуваше ударот на Келта, а Додо во 36. минута промаши вистински зицер кога од непосредна близина шутираше лошо, покрај дирекот.

Сепак, во последните моменти од полувремето, Ефонг успеа да искористи еден свој продор, неагилноста на домашната одбрана, како и повилното одбивање на топката в0 неговите нозе. Излезе сам пред Џуриќ, и пласираше десно голмански по земја.

Потоп во две минути

Ако и нешто се понадеваа играчите на Струга Трим Љум на паузата дека може да сторат во вториот дел, почетокот на истиот тотално ги откажа од било што.

Примија два гола во две минути и едноставно Лијепаја ја елиминираше Струга уште во 48.минута.

За 0:2 одично реагираше Додо со глава на нафрлување од десно. Уште не беа ни смиерни од радоста за овој гол, гостите постигнаа и трет. Повторно Додо, и избега на одбраната на Струга Трим Љум, го мина и голманот Џуриќ и постигна ефектен погодок.

Скендери намалува на 1:3

По тројното водство на гостите, Струга Трим Љум повеќе немаше што да чека туку тотално се фрли на офанзива. Тоа за момент се исплатеше затоа што Скендери намали на 1:3.

Екстра контра за 1:4

И повторно како и во поголемиот дел од овој меч, Лијепаја покажа дека е подобар тим во моментов и одигра една брза контра. Ефонг за Нијазоркин овој рутински сам пред Ѓуриќ пласира за 1:4.

Струга Трим Љум (МКД) – Лиепаја (ЛАТ) 1:4 (0:1). Вкупно: 2:5

Комплекс: Петар Милошевски. Гледачи: 300. Главен судија: Ајтон Кучин Помошници: Јевгениј Белски, Ајдин Тасјубаев (сите од Казахстан). Стрелци: Скендери 57м. (СТЉ) Ефлонг 45 м. Додо 47м., 49м. Бијазоркин 62м.(Л) Ж.картони: Галевски, Цаке (СТЉ)

Струга Т.Љ.: Џуриќ, Цаке, Јахја, Бојку(Галевски 52м), Шабани, Рамадани, Салиу (Исени 46м), Мециновиќ, Кочоски (Таири 78м), Босанчиќ

Лијепаја: Звлердис, Жувејс, Безекин, Додо (Ветрилов 84м), Ткачук (Остојиќ 77м), Ефонг (Бага 77м), Исајевс, Келта, Миросављев, Симиќ, Голдерчуч.

ПретходноВо ретро стил: Јунајтед го претстави новиот дрес!
СледноСувенири на Федерер продадени за 4 милиони евра!