Ајакс ги претстави своите нови комплети дресови за следната сезона, но не со позирање на своите актуелни фудбалери, туку преку некогашните легенди на клубот, Френк Рајкард, Марко Ван Бастен и Сјак Сварт.
Интересно е што новите дресови во многу нешта не отстапуваат од традиционалниот изглед на дресот на клубот, но новитет ќе биде тоа што следнава сезона на дресовите нема да стојат имињата на фудбалерите.
Тоа е еден еден тотално неочекуван потег, ако се знае дека на европската фудбалска сцена со дресови на кои стојат само броевите настапуваат екипи во посиромашните фудбалски земји или нисколигаши.
Холандскиот клуб ќе игра во домашното првенство само со броевите на задниот дел од дресот, како почит кон старата школа на Ајакс. За да го доближат новиот до оној ретро-дрес, Ајакс одлучи да си го врати и стариот грб.
😍 Which legend would you pick as a mascot? pic.twitter.com/ru9oKemHdI
— AFC Ajax (@AFCAjax) July 14, 2021