Првата пресметка меѓу Вардар и Е.Пелистер закажана за 11. август

243

Македонските ракометни тимови полека ги „палат моторите“ за новата сезона. Дел од екипите веќе го објавија комплетниот распоред на подготовките, дел допрва ќе го сторат тоа.

И ова лето ќе гледаме предсезонски пресметки, истите ќе почнат со Вардар и Е.Пелистер. Актуелниот освојувач на титулата и вицепрвакот силите ќе ги одмерат на 11. август во Охрид, во рамките на Суперкупот.

Ден подоцна во Струга почнува струшкиот турнир, а според досегашните информации пријавени се само македонски екипи. Покрај Вардар и Е.Пелистер ќе ги гледаме: Металург, Бутел Скопје, Тикеш и секако домаќинот Струга. Трунирот ќе се одржи од 12 до 15. август. Бранител на пехарот е тимот од Битола.

ПретходноУбава вест: Од 1. август СЦ „Борис Трајковски“ „се враќа“ на спортот
СледноВо ретро стил: Јунајтед го претстави новиот дрес!