Милан Ристовски во иднина ќе настапува во Спартак Трнава. Ристовски кој настапуваше во овој тим, ама како позајмен играч, сега е целосно откупен од тимот на Ријека.
Ристовски, кој беше во составот на Македонија на ЕУРО 2020, за неколку дена ќе се приклучи на својот нов тим.
“Многу сум среќен што трансферот беше успешен и по неколку недели преговори, Ријека и Спартак се договорија. Горд сум што повторно сум дел од Спартак. Секој знае дека тука се чувствував многу добро и клубот многу ми помогна. Благодарам на сите во клубот кои помогнаа во реализацијата на овој трансфер.
Се отвора ново поглавје во мојот живот и навистина. Се надевам дека следната сезона ќе имаме одлични натпревари заедно со навивачите на трибините и заедно ќе уживаме во успешните резултати. Гладен сум за успеси “, рече Ристовски.