Сувенири на Федерер продадени за 4 милиони евра!

139

Да, точно е дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во светот, веројатно тоа ќе биде и во историјата, но факт е дека Роџер Федерер е најпопуларен во глобални рамки.

Како поинаку може да се протолкува фактот дека сувенири, односно дел од опремата и облеката кои Швајцарецот ги користел во минатото, на аукција се продадени за неверојатни 4 милиони евра.

Роџер одлучи целиот приход да го даде во добротворни цели, односно во финансирање на образовни проекти во Ј. Африка и Швајцарија.

Меѓу продадените сувенири или предмети се неколку рекети, патики, маички… со кои Федерер освојувал турнири во минатото.

ПретходноЛиепаја ја покажа силата, Струга Трим Љум елиминирана од Европа
СледноЗахариевски: Едноставно подобриот тим оди понатаму!