Во секоја фудбалска земја, постојат ривалства кои се негуваат со децении, а во Холандија е она помеѓу екипите на Феенорд и Ајакс. Премин од еден во друг клуб се смета за велепредавство, за нешто што е незамисливо, и нешто што се случува еднаш во 20, 30 години.
Епа токму таков потег направи досегашниот капитен и најдобар играч на тимот на Феенорд, Стивен Берхуијс, кој е нов играч на Ајакс.
Со тоа, не само што го издаде својот сега веќе екс клуб, туку на себе го навлече гневот на стотици илјади навивачи на Феенорд. Истите се познати за доста незгодни, и за навивачи кои се склони на немири и инциденти.
Ова е само четврти трансфер од Феенорд во Ајакс во историјата, а последен пат еден играч го направил овој потег во далечната 1995 година, кога тоа го стори Арнолд Шолтен.
We have agreed a deal in principle for the transfer of Steven Berghuis.
𝘾𝙤𝙢𝙞𝙣𝙜 𝙨𝙤𝙤𝙣 ➥ #WelcomeSteven ⏳
— AFC Ajax (@AFCAjax) July 16, 2021