Глупостите на Флорентино Перез немаат крај: Озил оди во Милано со приватен авион поради секс (ВИДЕО)

2438

Не престануваат да излегуваат нови аудио снимки од прислушкуваните разговори на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Досега во оние веќе овбјавените, тој зборува се најлошо, за Кристијано Роналдо, Раул, Фиго, Висенте Дел Боске, Икер Касиљас, за кого се не од таборот на Мадрид, а редот стигна и на Месут Озил.

Германецот стана член на Реал Мадрид на 21. година и со самиот трансфер дошла и огромната слава. Перез вели дека Озил до тој момент има девојка, која ја оставил за да биде во врска со извесна Аида Јеспика.

„Кога дојде во Мадрид имаше 21. година. Дотогашната девојка ја замени со фото модел од Милано. Беше со неа, одеше со приватен авион во Милано, се додека Мурињо не му соопшти дека истата таа девојка спиела со речиси сите играчи на Интер и на Милан. До тој момент дечкото немаше поим, но пристигна во Реал, го запозна ноќниот живот и го промени начинот на живот“ – зборува Перез на сминката.

Самата Аида Јеспика во едно интервју призна дека имала контакт со Месут Озил но дека тој во Милано дошол само еднаш.

ПретходноДимитријевиќ: Верувам дека ќе напредуваме, девојките имаат одреден квалитет
СледноЏака на пат за Рим