Македонија со триумф над Србија

583

После минимален пораз – минимална победа.

Нашата машка селекција на играчи „Под 15“ години, со победа од (81:80) против соодветниот тим на Србија, го заврши гостувањето во Краљево.

Нашите млади кошаркарки одговорија „машки“ на лошата арбитража на локалните судии. И она што го пропуштија на првата, го реализираа на втората проверка против фаворизираните кошаркари на Србија.

Пресудна беше третата четвртина на оваа средба. Десет минути во кои избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ ја престигнаа негативата која ја имаа по првото полувреме (41:44), и ја претворија во водство од (65:58), кое успешно го одбранија во последниот период.

Извонредна игра прикажа Зетов, стрелец на 32. поени, го следеше Величковски со 15, додека Лукановски заврши со 11. реализации.

Доволно за „реми“ во овој двомеч со Србија.

СРБИЈА У15 – МАКЕДОНИЈА У15         80:81

(20-16; 24-25; 14-24; 22-16)

СРБИЈА У15: Здравковиќ, Филиповиќ 2, Зечевиќ 8, Гачиќ 6, Костиќ 12, Јоксовиќ 5, Дрезгиќ 18, Асани, Ериќ 3, Милосавчевиќ 2, Топчов 2, Шојиќ 8, Влајиќ 8, Плисниќ 4, Миличевиќ 7;

МАКЕДОНИЈА У15: Димевски 5, Лукановски 11, Младеновски 4, Стојановски Поповиќ, Стојковиќ 7, Ѓуровски 2, Зетов 32, Петрушевски 5, Величковски 15, Ивановиќ, Кириловски;

ПретходноПрекрасен гол на Атанасковски за победа на Шахтјор Караганди (ВИДЕО)
СледноРаботнички од денеска во Охрид