Во земја како Кина, која има популација која што се брои во милијарди, не е чудо ниту кога ќе се роди девојче кое на 14. годишна возраст има 226 сантиметри. И да, се работи за иднината на кошарката очигледно не само во Кина туку и во целито свет.
Девојката со име Занг Зију веќе ја споредуваат со нејзиниот славен сонародник Јао Минг кој имаше успешна НБА кариера, а Зију во својата категорија веќе постигнува над 40 поени по натпревар.
Таа потекнува од исклучително високо семејство, а нејзината мајка која е висока 198 сантиметри е репрезентативка на Кина во кошарка.
7’4” Zhang Ziyu is 14 YEARS OLD 🤯
She put up 42 PTS, 25 REB, & 6 BLK to win China Nationals 🏆
(via @globaltimesnews) pic.twitter.com/teAAfx2F8v
— Overtime (@overtime) July 15, 2021