Перез продолжува да шокира: Фиго е ку**ин син

327

Секојдневно во шпанската јавност излегуваат снимки од Флорентино Перез како ги навредува најголемите легенди на клубот. За Раул и за Касиљас рече дека се „најголеми измамници во Реал“, а со навреди ги почестил Мурињо и Зидан.

Сега на ред дојде и Гути кој што има преку 500 натпревари за „кралевите“, и сега можеби е јасно зошто легендата си замина од Реал Мадрид без никаков проштален меч и без никаква „помпа“. Кога претходниот претседател Калдерон го продолжил договорот со Гути, Перез имал што да каже на тоа.

„Шокиран сум колку Калдерон се прелажал со Гути затоа што овој одигра само два добри меча. Очигледно мисли дека треба за се да му верува за да не го загуби“, рече Перез. 

Ниту Фиго не минал без тешки зборови бидејќи Перез за него рекол дека никогаш не ни сакал да дојдево Реал Мадрид, туку со солзи во очите седнал во авион за Мадрид.

„Фиго ја уништи екипата. Најдобар беше Зидан, нема дилеми. Фиго беше ку**ин син, баш како и Раул. Тие двајца беа најлошите за екипата“, рекол Перез на една од снимките. 

ПретходноНов проблем за Реал: Под истрага еден трансфер во тимот
Следно„Дрим тимот“ поради короната остана без својата ѕвезда и откажа тест меч