Фудбалерите на Работнички од денеска па се до 27 јули, во Охрид ќе ја одработат главната фаза од текот на летните подготовки. Четата на стратегот Аександар Влахо ќе одигра и три пријателски натпревари, и тоа со Ренова, Охрид и Гњилане, три теста кои и тоа како ќе му бидат добредојдени на стручниот штаб да има увид во моменталната форма на својот тим.
Инаку Работнички и дефинитивно во наредната сезона ќе настапи со драстично изменет и подмладен состав во однос на минатата. Си заминаа најмалку десет играчи, но исто така донесени се неколку нови имиња, ќе има уште засилувања. Се чини дека во наредната 2021/22 сезона, тимот од Градски парк ќе го има најмладиот состав во нашата елитна лига.
Досегашните пријателски покажаа дека тимот се уште треба да се воигрува, дека е далеку од потребната форма. И затоа до 7/8 август, кога стартува новата сезона, секој пријателски меч, секој одработен тренинг е многу важен за “романтичарите“.