Она што се најавуваше УЕФА денеска и официјално го потврди. Имено Истанбул ќе биде домаќин на финалето во ЛШ во 2023 година, ова како мала утеха ако се знае дека оваа година поради Ковид-19, УЕФА му го “одзема“ домаќинството на најголемиот турски град и му го “даде“ на Порто, во финалето во кое Челзи го победи Манчестер Сити.
Во 2022 година домаќин на финалето ќе биде Санкт Петербург, во 2024 пак Лондон, додека во 2025 финалистите ќе ги пречека Минхен.