Брегалница се засили со Србинот Милан Ѓокиќ

429

Српскиот напаѓач Милан Ѓокиќ е најновото засилување во редовите на Брегалница. Станува збор за напаѓач кој има 23 години и доаѓа од Бачка Топола од Србија. Ѓокиќ досега играл и за екипите на Спартак Суботица, Златибор, а Брегалница му е прв интернационален предизвик.

Инаку досега Брегалница сосема солидно пазареше на трансфер – пазарот ова лето. Пред да потпише со Ѓокиќ, штипските “сини“ успеаја да донесат неколку квалитетни играчи како Даниел Мојсов, Бугаринот Иван Минчев, Бобан Георгиев, Стефан Коцев, потоа Хрватот Антонио Азиновиќ.

ПретходноХамилтон најбрз во квалификациите за спринт трката во Силверстон
СледноНорвешки судии за Шкупи, на Шкендија ќе и судат Чеси