Воска Спорт ќе се “тестира“ со Борец, Македонија ЃП, Тетекс, Охрид…

1700

 

Речиси десет дена минаа од стартот на подготовките на тимот на Воска Спорт, новиот член во Втората лига – запад. Покрај тоа што екипата драстично се засили, и тоа со неколку прволигашки играчи, стручниот штаб на чело со стратегот Раде Цицмиловиќ го направи планот за тоа со кого амбициозниот второлигаш ќе се “тестира“ во текот на овие подготовки.

Се почнува со Братство на 22 јули, за да потоа ривали ќе бидат Борец, Македонија ЃП, Кораб, Тетекс, Охрид, Победа.

Цицмиловиќ за Спортмедиа истакна..

“Не е тајна дека правиме тим за да бидеме во горниот дел на табелата, да бидеме конкурентни на водечките екипи. Воска Спорт е сериозен проект со амбициозен газда Нефи Усеини, кој вложува во инфраструктурата, но и и во играчкиот кадар. Клубот е на здрави нозе и е на највисоко професионално ниво. Оваа година Воска Спорт ќе даде посебен шмек во Втората лига – запад. Јас сум задоволен од играчкиот кадар и како се работи на тренинзите. На секој тренинг момците го даваат максимумот и се вистински професионалци, чест и задоволство е да се работи со таква група на играчии во така организиран клуб за кој допрва надалеку ќе се слушне“ изјави стратегот на Воска Спорт.

ПретходноРаботнички од денеска во Охрид
СледноХамилтон најбрз во квалификациите за спринт трката во Силверстон