„Газета“ тврди дека Роналдо донел одлука

346

„Газета дело Спорт“ тврди дека Кристијано Роналдо останува во Јувентус.

„Јуве, дојдов и останувам“, порача португалскиот фудбалер, а „Газета“ пренесува.

И покрај бројните шпекулации дека ќе замине од „Старата дама“, португалскиот фудбалер наскоро треба да се приклучи на подготовките во Торино, тој доби одмор до 25 овој месец поради настапот на ЕУРО 2020.

36-годишниот Роналдо нема намера да ја менува средината. Неговиот договор со Јувентус истекува следната лето, причина поради која почнаа бројните шпекулации за негово заминување, кое беше можност за тимот да заработи голема сума на пари.

Тој во изминатиот период беше поврзуван со Спортинг, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

ПретходноПо добриот настап на Вимблдон: Калин Ивановски со скок од 17 места на ИТФ листата
СледноПандев и Ангеловски на прием во АМС (ФОТО)