Дерби на стартот на Супер-лигата: Металург го пречекува Пролет

380

Денеска во просториите на РФМ беа извлечени двојките за новата сезона во Супер-лигата. За разлика од претходните, на стартот на ова натпреварување ќе бидат вклучени и Вардар 1961 и Е.Пелистер.

На стартот ќе има дерби, Металург е домаќин на Пролет, додека бранителот на титулата Вардар 1961 го пречекува новиот супер-лигаш, Скопје. Сезоната почнува на 8. септември.

Во првото коло силите ќе ги одмерат: Вардар 1961 – Скопје, Радовиш – Струга, Охрид – Тиквеш, Е.Пелистер – Е.Пелистер 2, Бутел – Прилеп, Металург – Пролет.

Вардар и и Еурофарм Пелистер би требало своите дуели да ги одиграат во 4 коло, на 25/26 септември и потоа во 15. коло на 18/19 декември.

До крајот на тековната година ќе се одиграат 17 коло, ќе се одигра Куп на Македонија. Регуларниот дел ќе заврши до крајот на февруари, по што се продолжува во плеј-аут и плеј-офoт.

Во плеј-офот екипите ќе пренесат бодови, ќе се одиграат 10. кола во еднокружен систем (дома на гости).

Натпреварувачки броеви: Вардар 1961(1), Радовиш (2), Охрид (3) Е.Пелистер (4), Бутел Скопје (5), Металург (6), Пролет (7), Прилеп (8), Е.Пелистер 2 (9), Тиквеш 2014 (10), Струга (11), Скопје 2020 (12),

ПретходноПокажана реакцијата на Италијанците кога го видоа Ериксен како колабираше
СледноПо добриот настап на Вимблдон: Калин Ивановски со скок од 17 места на ИТФ листата