Американската репрезентација во кошарка пред Олимписките игри во Токио, остана без еден од најдобрите играчи поради коронавирусот, а поради ризик, откажа и еден тест натпревар против Австралија.
Бредли Бил од среда е под ковид протокол, а синоќа Американците објавија дека отпаднал од конкуренција за Олимписките игри. Бекот на Вашингтон кој е втор најдобар стрелец на НБА лигата во минатата сезона, сите три досегашни контролни натпревари ги почнуваше од стартната петорка.
Се очекува во стартната линија да го замениа Зак ЛеВајн, а дополнително по завршувањето на финалето на тимот ќе се приклучат Девин Букер и Крис Мидлтон.
Не се знае кој ќе биде 12-тиот играч за САД на ОИ, но се шпекулира дека тоа ќе биде Тре Јанг од Атланта.