Ибраими и официјално во Динамо Тирана

503

Агим Ибраими е нов играч на тимот на Динамо Тирана. Како топ стрелец во изминатиот шампионат на соседна Албанија, летово Ибраими преминува од тимот на Кукс во Динамо Тирана, екипа која има сериозно големи амбиции за следната сезона.

Ибраими на овој начин му станува соиграч на Горан Силјановски кој исто така летово, премина во овој клуб, а таму во моментов е и уште еден наш интернационалец, Александар Исаевски.

Македонските интернационалци летово се доста барани во Албанија, и неколку наши прволигашки играчи се преселија во овој шампионат. Тука пред се се мисли на Пепи Ѓоргиев, Христијан Драгарски, Фахрудин Ѓурѓевиќ….

ПретходноВелепредавство на релација Феенорд – Ајакс
СледноЗивчевиќ се врати во Куманово