Сопственикот на израелскиот фудбалски клуб Биетар од Ерусалим, во четврток еднострано го откажа пријателскиот меч со Барселона кој требало да се одигра 4. август и тоа од политички причини.
„Присилен сум да го откажам мечот со Барселона“, рече сопственикот Моше Хогег, објаснувајќи дека одбивањето на клубот од Барселона дуелот да се игра во Ерусалим е премногу за него и за неговиот клуб.
„Го купив Беитар од љубов кон својот град и ако се откажам од политички причини да играме во Ерусалим, тоа не би било во склад со своите начела“, објасни Хогег.
Барселона не сакал да игра во Ерусалим, односно прифатила да игра, но само во Тел Авив.
Палестинската фудбалска федерација го осуди одигрувањето на такот натпревар.
Беитар е познат по антиарапскиот пристап на нивните навивачи, и секогаш ги навредуваат арапските играчи и говорат навреди на сметка на пророкот Мухамед.
Клубот во последните неколку години се дистанцирал од навивачите.