Може да здивнат на Чаир. Томе Китановски не е потешко повреден. Иако првичните прогнози, беа далеку полоши, сепак, дефанзивецот на Шкупи на вчерашниот меч во Косово, против тимот на Лапи, во рамките од реванш дуелот од Конференциската лига, не ги скина лигаментите на коленото, и тој ќе паузира само десетина дена.
Нема да биде подготвен за првиот меч против тимот на Санта Клара од Португалија, но потоа ќе се врати во тимот и ќе биде во комбинација за мечот на гости.
Само како потсетување, Шкупи го мина Лапи од Косово, во првото квалификациско коло, единствен тим од Македонија кој ја мина прелиминарната фаза од Европските напреварувања ова лето.